Emel Öz Gözellik
07 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
УЛАН БАТОР (АА) - Остатоците од фосили пронајдени во Монголија укажуваат на тоа дека пред 75 милиони години постоел диносаурус со карактеристики од неколку животни, јавува Anadolu Agency (AA).
Тридимензионалната анализа на фосилите што ја направи истражувачкиот институт Европскиот центар за синхротрона радијација
ЕСРФ (European Synchrotron Radiation Facility) покажа дека овој вид диносаурус, Halszkaraptor escuilliei имал врат како лебед, заби слични на крокодил, клун како на патка, но и карактеристики на ној.
Денис Воетен, истражувач на Универзитетот Палацки во Чешка, изјави дека се претпоставува оти овој диносаурус бил висок 45 сантиметри.
„Станува збор за многу чудно суштество. Во ова животно како да се споени делови на телото од животни што ни се познати“, рече Воетен.
Резултатите од истражувањето беа објавени во списанието „Nature“ (Природа).