Can Erözden
17 Јануари 2017•Ажурирај: 18 Јануари 2017
АНКАРА (АА) – Беспилотното летало (дрон), кое го дизајнира една норвешка компанија може да носи товар поголем од 200 килограми. Покрај транспортот на товар, дронот ќе може да се користи и за потрага и спасување, јавува Anadolu Agency (AA).
Менаџерот на социјалните мрежи на норвешката компанија за дронови „Гриф авиејшн“, Николас Гогстад Андерсен, во изјава за АА рече дека беспилотното летало може да носи тежина над 200 килограми и работи со 8 пропелери.
Тој рече дека цената на овој производ ќе биде објавена во првите месеци од годинава и додаде: „’Гриф 300’ ќе може да се користи како транспортно летало и во операции за потрага и спасување. Може да се пренесува и храна, дрво, бетон или нешто друго. Доколку клиентот ни каже за што ќе го користи, ние капацитетот ќе го приспособиме според тоа. Дронот може да се користи и со резервоар за вода, и да се употребува за гаснење пожар“.
Целна група за продажба на ваквото летало се приватниот сектор и земјоделството, а во план е да им се продава и на полициските служби. „Ќе се обидеме да ја задоволиме секоја потреба на клиентите. Продуктите на ‘Гриф’ нема да се продаваат некој што има потенцијал да повреди некого“, истакна Гогстад Андерсен.
Тој вели дека благодарение на камерата, корисникот на леталото ќе се чувствува како да седи во хеликоптер. „Во 2017 година, на семејството Гриф ќе му се придружат помали и поголеми дронови“, рече Гогстад Андерсен.
Дронот „Гриф 300“, кој е произведен во компанијата „Гриф авиејшн“, во Сјукјулвен, Норвешка, може да носи товар од 226,7 килограми. Натовареното леталото може да лета 45 минути. „Гриф 300“ е единствениот пример од оваа категорија што може да носи толкава тежина.