Gamze Türkoğlu Oğuz
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Елон Маск, извршниот директор на технолошката компанија „Тесла“, го претстави прототипот на подземниот тунел кој се очекува да направи револуција во брзиот транспорт, пренесува Anadolu Agency (AA).
Маск во Лос Анџелес го заврши тестирањето на модифицираното возило на моделот „Тесла X“ во подземниот тунел, изграден од неговата компанија „Боринг“.
Тест-возењето се одржа во тунелот со должина од само 1,6 километри. Тестирањето траеше 2 минути, а можност да го следат имаа новинарите и гостите.
За време на тест-возењето во тунелот, чија внатрешност беше осветлена со сино-зелени неонски светилки, Маск возеше со брзина од 80 километри на час. Неговата цел е да се создаде мрежа што ќе овозможи да се избегне сообраќајниот метеж во градот и во тунелот да се достигне брзина до 240 км на час.
Елон Маск истакна дека прототип-тунелот, чиј еден крај достига до паркинг-просторот на Маск во „Space X“ (Спејс X), чинел 10 милиони долари. Тој, исто така, го истакна своето уверување дека планираната изградба на мрежа од подземни тунели за електричните возила ќе даде одговор на „исцрпувачкиот сообраќаен метеж“.