Gamze Türkoğlu Oğuz
27 Март 2019•Ажурирај: 28 Март 2019
ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Индија тестираше антисателитски систем, пренесува Anadolu Agency (AA).
Премиерот на Индија, Нарендра Моди, во телевизиска емисија во живо соопшти дека индиските експерти со проектил успешно погодиле сателит во ниската орбита на Земјата.
Моди истакна дека ова тестирање е именувано како „Мисија Шакти“. Според него, покрај САД, Русија и Кина, ова извршено тестирање ја става Индија меѓу земјите во супер лигата што го поседуваат овој капацитет.
Експертите велат дека цел на тестирањето на антисателитскиот систем најверојатно бил мини сателит лансиран минатиот месец во ниската орбита на Земјата.
Кина во 2007 година за прв пат успешно тестираше антисателитски систем, а ова тестирање беше дочекано со протест од страна на другите големи светски сили.
САД и Русија до 80-тите години тестираа слични технологии.
Администрацијата на Вашингтон во 1985 година стави крај на тестирањата на антисателитски системи поради ризик од создавање вселенски отпад во голема мера.