Gamze Türkoğlu Oğuz
13 Мај 2020•Ажурирај: 14 Мај 2020
АНКАРА (АА) - Истражувањата на експерти од повеќе земји покажуваат дека луѓето во текот на пандемијата на коронавирусот се фокусирале кон почесто купување на овошје и зеленчук, а помалку на готови оброци, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Истражувањето предводено од Шарлот Де Бакер, од белгискиот Универзитетот „Антверп“, опфатило 11.000 луѓе, претежно жени од 11 земји, објави „Хиндустан тајмс“ (Hindustan Times).
Прелиминарните податоци покажуваат дека забраните и ограничувањата на движењето поради пандемијата придонело до тоа луѓето во своите домови да пробуваат нови рецепти, а фрлено е и помало количество храна.
Со истражувањето е утвдено дека многу купувачи избегнувале консумирање на готова храна, а при купувањето се фокусирале претежно на овошје и зеленчук, односно на поздрав начин на живот воопшто.
Истражувањето е спроведено во Австрија, Белгија, Чиле, Уганда, Холандија, Франција, Австралија, Грција, Канада, Бразил и во Ирска. Забележано е дека скоро половина од испитаниците во овие земји купувале помалку солени или слатки закуски.
На пример, во Чиле е забележан значителен пад на продажбата на закуски, но дошло до зголемување на продажбата на брашно и квасец.
Не се забележани поголеми промени во овој период во консумацијата на месо, риба и алкохолни пијалоци.
Целта е со истражувањето да се опфатат 25 земји, а конечните резултати да бидат објавени во јуни.
„Поради забраната за движење, луѓето поздраво се хранат, сами готват и користат повеќе овошје и зеленчук“,наведува Де Бакер.
Таа додава дека планирањето на купувањето доведува до помалку време поминато во супермаркетите.
„Ако имате список на намирници, ако претходно сте го испланирале оброкот, помала е веројатноста дека ќе купите нездрави намирници“, смета Де Бакер.