Riyaz Khaliq
17 Јули 2020•Ажурирај: 19 Јули 2020
АНКАРА
Кина се подготвува да ја лансира првата мисија на Марс, јавуваат локалните медиуми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Првата кинеска мисија за истражување на Марс е именувана Тианвен-1 и има за цел „да заврши орбитирање и да собере податоци за научни истражувања на Марс“, наведе Кинеската национална вселенска агенција.
Четврта ракета е префрлена во вселенскиот центар за лансирање во Венчанг, во јужната кинеска провиниција Хајнан. Претходно ракетите се тестирани на трипати.
Се очекува мисијата на Марс да биде лансирана кон крајот на јули или почетокот на август.
Кина во 1970 година успешно го лансираше својот прв сателит Донг Фанг Хонг-1. Во 2003 година стана трета земја во светот која успешно лансираше човек во вселената во сопствена ракета, по Советскиот Сојуз и Соединетите американски држави (САД).