Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Април 2020•Ажурирај: 05 Април 2020
АНКАРА
Научниците од Универзитетот „Корнел“ од Њујорк во шумите на Панама открија пчела која е половина мажјак, половина женка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Пчелата е пронајдена на островот Баро Колорадо во Панама, а ја откри група на истражувачи од Универзитетот „Корнел“ од Њујорк, на чело со ентомологот Ерин Кричилски“, објави научниот портал „Сајенсалерт“ (Sciencealert).
Наведено е дека екипата на истражувачи наишла на пчели за време на проучувањето на т.н. циркадијански ритми на родот megalopta amoenae, кои во текот на ноќта се појавуваат во Средна и Јужна Америка.
Деталите на ова истражување се објавени во весникот „Џурнал оф Хименоптера ресрч“ (Journal of Hymenoptera Research).
Експертите наведуваат дека пчелата од левата страна е физиолошки мажјак. Има мала, нежна вилица, долга и тенка антена, чувствителна задна нога со помалку влакна. Десната страна има женски карактеристики - пократка антена, изразена вилица и дебела, влакнеста задна нога.