Selçuk Acar
28 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Март 2017
ЛОС АНЏЕЛЕС (АА) - Човештвото по пауза од 45 години ќе има прилика да патува до Месечината, јавува Anadolu Agency (AA).
Од компанијата „SpaceX" е соопштено дека двајца луѓе наредната година во приватен аранжман ќе имаат прилика да ја посетат Месечината, без да слетаат на неа. До Месечината ќе патуваат со капсулата „Драгон 2".
Директорот на „SpaceX", Елон Маск, не кажа за кој станува збор, само додаде дека идните патници уплатиле посебен износ на пари.
Приватната мисија ќе трае една недела.
Последната мисија на Месечината е реализирана на 12 декември 1972 година кога астронаутот Жене Сернан зачекорил на Месечината.