Ahmet Furkan Mercan
13 Ноември 2020•Ажурирај: 16 Ноември 2020
ТОКИО
Почина јапонскиот научник и астрофозичар Масатоши Кошиба, добитник на Нобеловата награда за физика, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста што ја објави новинската агенција „Кјодо“, на 94-годишна возраст почина јапонскиот астрофизичар Кошиба кој во 2002 година ја доби Нобеловата награда за физика.
Кошиба е роден во 1926 година во јапонската префектура Аичи, а докторирал на Универзитетот Рочестер во 1955 година.
По работата како асистент во Универзитетот на Чикаго, во 1970 година ја добил титулата професор на Универзитетот во Токио.
Кошиба постигнал важни успеси во областа на неговата професија.
Нобеловата награда за физика во 2002 година ја добија тројца научници. Кошиба наградата ја подели со Рејмонд Дејвис Џуниор „за пионерските придонеси во полето на астрофизиката, особено при забележувањето на неутрината“, а Рикардо Џакони ја доби оваа престижна награда „за пионерските придонеси кон астрофизиката кои доведоа до откривањето на вселенските рендгенски извори“.