Gamze Türkoğlu Oğuz
11 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
АНКАРА (АА) – Научниците за еден вид на рак на мозокот, успеаја да го неутрализираат протеинот кој игра клучна улога во бескрајното размножување на клетките на ракот, јавува Anadolu Agency (AA).
Научниците од Универзитетот „Калифорнија“, во лабораториска средина спровеле испитување на клетките глиобластом, кои се најагресивниот вид на ракот на мозокот, на тој начин што ги извадиле од еден пациент и ги трансплатирале во глувци, пишува „Лајфсајанс“ (LiveScience).
Во текот на испитувањата утврдено е дека, еден мал дел, именуван како „ГАБПбета1Л“ (GABPbeta1L) од протеинот ГАБП (GABP), игра клучна улога во активирањето на бескрајното размножување на клетките на ракот.
Со употреба на алатката ЦРИСПР (CRISPR) за регулација на гени, научниците од протеинот ГАБП (GABP) го отстраниле елементот бета1Л (beta1L). Откриено е дека недостатокот на тој елемент го запрело активирањето на бескрајното размножување на клетките на ракот.
Лидерот на истражувачкиот тим, невро-хирург и невро-онколог, професорот Џозеф Костело, откритието го окарактеризира како ветувачко, од аспект на развој на нов лек кој ќе биде насочен кон отстранување на елементот бета1Л (beta1L) кај поголем број видови рак на мозокот кои имаат мутациии на клетките глиобластом и на генот ТЕРТ (TERT).