Göksel Yıldırım
31 Март 2022•Ажурирај: 01 Април 2022
АНКАРА (АА) - Турската компанија РОКЕТСАН ја подготвува следната генерација на крстосувачка ракета „Чакир“, која може да биде лансирана од копно, море и воздух, со дострел од над 150 километри, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во просториите на РОКЕТСАН се одржа прес-конференција за промоција на ракетата „Чакир“. На прес-конференцијата присуствуваа шефот на Одделот за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир, претседателот на Управниот одбор на РОКЕТСАН, Фарук Јигит, генералниот директор на РОКЕТСАН, Мурат Икинџи и потпретседателот на „Кале груп“ и претседател на техничката група, Осман Окјај.
Според дадените информации, крстосувачката ракета „Чакир“, која може да се лансира од копнена, морска и воздушна платформа, со своите најсовремени карактеристики и ефикасна боева глава, ќе биде нов мултипликатор на моќта за вооружените сили.
Новата крстосувачка ракета, која може да се лансира од авиони со фиксни и ротирачки крила, беспилотни летала и морски пловила, тактички копнени возила на тркала и платформи на водени површини, на корисникот му нуди широк опсег на оперативни алтернативи против копнени и морски цели. Со дострел од над 150 километри, покрај објекти над водени површини, објекти близу брегот, стратешки копнени цели, меѓу целите на „Чакир“ се вклучени и теренски цели и пештери.

Опремен со домашен и национален турбо-млазен мотор КТЈ-1750 развиен од „Кале арге“, ракетата „Чакир“, благодарение на агилноста на нејзиниот дизајн, може лесно да извршува задачи кои вклучуваат тридимензионални транзитни точки дефинирани при планирањето на мисијата. Со изборот на точката на удар и уникатната боева глава, „Чакир“ нуди висока способност за уништување на цели. Со своите напредни системи за посредно и термално наведување, ракетата „Чакир“ е во состојба да ги одреди своите цели со висока прецизност во сите временски услови. Благодарение на дата-базата базирана на мрежна поврзаност, овозможена е и промена на целта и откажување на задачите во зависност од изборот на корисникот додека ракетата напредува кон целта.
- Ќе дејствува со концепт на јато -
Меѓу највпечатливите карактеристики на ракетата „Чакир“ се нејзиниот дизајн кој овозможува повеќекратни транспорти на платформата и нејзината способност да извршува задачи во концептот на јато.
Преку концептот на јато, кој овозможува координиран напад со големо количество муниција, полесно се надминуваат противничките одбранбени системи, обезбедувајќи висока ефикасност за една или повеќе цели.
Благодарение на уникатниот дизајн на трупот со функција на радарска апсорпција, „Чакир“ нуди висока можност за опстанок. Покрај неговата способност да лета многу ниско, над морето, близу површината на водата и способноста на копно да се камуфлира според теренот, ракетата „Чакир“ дополнително го минимизира неговото откривање од страна на непријателските системи за противвоздушна одбрана благодарение на структурата на трупот што апсорбира радари.
Крстосувачката ракета „Чакир“ со својот глобален сателитски систем за навигација (GNSS), отпорен на мешање на фреквенции и инерцијалниот систем за навигација кој ја поддржува надморската височина, може да го продолжи својот курс во случаи на интензивно електронско мешање на фреквенции.
Додека продолжуваат студиите за дизајнот на „Чакир“, домашната и националната крстосувачка ракета лансирана со сопствени ресурси на РОКЕТСАН, првиот пробен тест ќе биде направен од базата „Акинџи“ во текот на годината, а интеграцијата на платформата се планира во 2023 година.