Murat Birinci
29 Октомври 2017•Ажурирај: 30 Октомври 2017
ТОКИО (АА) - Автомобилскиот бренд „Lexus“ на јапонската компанија „Toyota“ (Тојота), на Саемот на автомобили во Токио го претстави моделот ЛС + Концепт, а тоа е автомобил на иднината со автономен систем за управување, јавува Anadolu Agency (AA).
Штандот од кој на јавноста премиерно ѝ беше претставена новата линија на Лексус „LS sedan“, е главна атракција на 45-тиот саем во главниот град на Јапонија.
Станува збор за луксузен автомобил кој ќе во следните десет години ќе биде опремен со софистицирани сензори и вештачка интелигенција, со чија помош без возач, самостојно, ќе се движи по автопатиштата.
Од Лексус соопштија дека новата технологија од серијата „LS“ ќе биде применета на нови возила веќе од 2020 година.
Во соопштението се наведува дека во план е „LS+“ да биде опремен со систем за самостојно движење по автопатиштата.
„Лексус веќе за три години во автомобилите ќе започне со користење на технологија за автономно управување. Нашата цел е во иднина да живееме и патуваме во еден свет каде што нема да има сообраќајни незгоди“, се вели во соопштението на компанијата.