Riyaz Khaliq Khaliq
30 Декември 2022•Ажурирај: 31 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јужна Кореја денеска соопшти дека успешно извршила пробно тестирање на лет на вселенска ракета од домашно производство на цврсто гориво, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Ова тестирање е продолжение на тестирањето извршено на 30 март, во врска со што ќе постигнеме напредок преку процесот на развој во следните неколку години“, истакна Министерството за одбрана на Јужна Кореја за Новинската агенција „Јонхап“.
На 30 март, државната Агенција за развој на одбраната го спроведе првото тестирање на автохтоното вселенско летало на цврсто гориво на полигонот за тестирање во Таеан, 150 километри југозападно од главниот град Сеул.
„Нашата војска ќе ги удвои напорите за зајакнување на одбранбените способности, вклучително и во доменот на вселената“, нагласи Министерството.
Имено, Северна Кореја на почетокот на овој месец соопшти дека се подготвува да набави ракета со долг дострел на цврсто гориво и воен извидувачки сателит.