Kristina Maslareviç
11 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
БЕЛГРАД (АА) – Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, во интервјуто за порталот Политико, зборувајќи за можните постизборни коалиции, ја исклучи можноста за било каква соработка со Српската радикална странка или ао националистичките сили, бидејќи како кажа, не смета дека се потребни нови судири во регионот, јавува Anadolu Agency (АА).
„Ќе се борам против нивните идеи, ќе се борам против нивните вредности. Ќе видиме што ќе одлучи народот. Не мислам дека ни се потребни нови војни и нови судари во регионот”, рече Вучиќ.
Тој додаде дека е повеќе загрижен за ситуацијата во БиХ отколку во Косово, со оглед на тоа „не гледа можност за понатамошни судири на Косово“, за разлика од тоа што порастот на политичкиот естремизам на Балканот и се заканува на стабилноста на БиХ и регионот.
„Мојата најголема загриженост е ситуацијата во Босна. Сè е во и околу Босна. Којзнае каква искра може да ја запали Босна”, рече премиерот на Србија Александар Вучиќ.
Тој додаде дека од средината на март регионот изгледа како повторно да е во деведесетите и дека “единствени важни теми беа пресудата за Караџиќ, босанско-српските односи, српско-хрватските односи и кога ќе започнеме со вистинското помирување. Тоа е некаков вид временска машина”.
Истакнувајќи дека Владата која ја предводи нема да реагира на провокациите на соседите, Вучиќ рече дека Србија ќе продолжи да го „почитува територијалниот интегритет на БиХ“ и дека утре ќе отпатува за Мостар каде што ќе се состане со претседавачот на Претседателството на БиХ, Бакир Изетбеговиќ, со цел да се ублажат последните тензии.
Најавувајќи дека во текот на наредните недели можно е да ја посети Хрватска, Вучиќ рече: „Стабилноста на регионот е нешто за кое треба да се грижиме и треба подобро да се разбираме меѓусебе. Немам проблем со тоа доколку морам да правамповеќе отстапки.“