Kristina Maslareviç
04 Декември 2015•Ажурирај: 04 Декември 2015
БЕЛГРАД (АА) - Германија е еден од најважните и најголеми инвеститори во Србија и најзначајна земја во ЕУ за Србија, рече премиерот на Србија, Александар Вучиќ, по состанокот со министерот за надворешни работи на Германија, Франк-Валтер Штејнмаер, јавува Anadolu Agency (АА).
Вучиќ наведе дека со Штајнмаер разговарале за сите проблеми со кои заедно се соочуваат двете држави, но и за билатералните односи на двете земји.
„На многу строг, но би рекол правичен и конкретен начин, Германија ги согледува нашите резултати, резултатите од реформите и таа која е клучна во донесувањето на одлуката за европското интегрирање на Србија“, рече Вучиќ.
Нагласи дека е му благодарен на германскиот Бундестаг поради одлуката Србија да го отвори првото поглавје на 14-ти декември.
Вучиќ наведе дека разговарале и за мигрантската криза, дека тој уште еднаш го изнесе ставот на Србија, дека освен разумниот, цивилизиран и хуман однос кој го покажа Владата која ја предвои, таа е подготвена да преземе потешка и поголема улога.
„За тоа само очекуваме да добиеме јасен и недвосмислен сигнал од ЕУ, пред сè од Германија. Србија нема да биде ниту себична, ниту пак да се грижи само за своите интереси, туку ќе се однесува како дел од Европа на одговорен и сериозен начин“, рече Вучиќ.
Штајнмаер ѝ се заблагодари на Владата на Србија за соработката која ја има по прашањето на мигрантската криза и додаде дека Германија, како земја која најмногу е подгодена со тој бегалски бран, освен поддршката од европските земји има потреба и за соработка со земјите од Западен Балкан.
„Во тој контекст сакам да кажам дека соработката помеѓу Србија и Германија е исклучително добра и сакам да се заблагодарам на изјавената подготвеност за продолжување на соработката и во иднина“, наведе Вучиќ.
Премиерот Вучиќ рече дека Србија е лојален партнер на Германија, дека е подготвена да стори и потешки работи за да помогне, доколку Германија тоа го побара од неа.
Тој додаде дека е разговарано и за економијата и реформите спроведени во Србија и за стабилноста во регионот.
„Немаме страв од економскат иднина, доколку имаме политичка стабилност“, порача Вучиќ.
Запрашани за Бриселскиот дијалог помеѓу Белград и Приштина, премиерот на Србија ја повтори подготвеноста на својата страна за продолжување на преговорите, а Штајнмаер наведе дека она „што е досега договорено треба да се имплементира“, и дека не му се познати изјавите кои тоа го доведуваат во сомнеж“.
„Што се однесува на Заедницата на српски општини, на тоа треба и понатаму да се работи, но главна точка, што се однесува до имплементација на договорот за нормализација е постигнат таков напредок за Европската комисија да дојде во состојба да даде сигнал за отворање на две поглавја, рече Штајнмаер.
Говорејќи за билатералните односи на Србија и Германија, Штајнмаер изрази почит кон напредокот на Србија и додаде дека таа почит се изразува и во сеопфатната оценка на Европската комисија овие денови, која резултираше со отворање на преговарачките поглавја.
- Решението за Сирија не може да биде воено
Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајјмаер се осврна на поводот по кој е во Белград, Министерската конференција на OSCE, организација со која ќе претседава од 1-ви јануари 2016 година.
Наведувајќи дека вчера имале можност да разговараат за кризните состојби ширум светот, Штајнмаер рече дека веќе самиот поглед на бројот на кризните состојби говори за тоа колку ќе биде тешко претседавањето следната година, но дека Србија успеала да „го држи цврсто кормилото во своите раце, без оглед на различните гледишта“.
Штајнмаер рече и дека на Министерскиот совет на OSCE во Белград главна тема биле предизвиците од тероризмот.