Ekip
25 Март 2017•Ажурирај: 26 Март 2017
РИМ (АА) - Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија, рече дека одржувањето на свечената седница по повод 60-годишнината од Римскиот договор, со кој е основана Европската економска заедница, без учество на Обединетото Кралство е многу тажен момент, јавува Anadaolu Agency (AA).
Јункер на самитот на лидерите на останатите 27 земји-членки на Европската унија порача дека „Брегзит, односно излегувањето од Велика Британија, трагедија".
Граѓаните на Велика Британија минатата година на референдум гласаа да ја напуштат Европската унија.
За следната среда, Британија најави лансирањето на двегодишниот процесот на напуштање од европскиот блок.