?????
14 Ноември 2015•Ажурирај: 14 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) – Македонскиот министер за наворешни работи, Никола Попоски, по повод терористичките напади во Париз, во кои загинаа 142 лица, на својот профил, на социјалната мрежа Twitter, изрази жалење поради немилиот настан истакнувајќи дека е длабоко шокиран од нападот, јавува Anadolu Agency (AA).
“Длабоко сум шокиран од ужасните напади во Париз. Го изразувам моето сочуство до семејствата на жртвите и граѓаните на Франција“ , напиша министерот Попоски.
Според наводите на полицијата, во два вооружени напади и во две одвоени екслпозии во билизна на стадионот "Stade de France" бројот на загинати стигна до 142. Полицијата моментално бара граѓаните да ги напуштат улиците каде стотина припадници на безбедносните сили трагаат по напаѓачите.
Бројот на загинати би можел да биде и поголем. Три експлозии исто така се забележани во близина на стадионот "Stade de France" каде се играше пријателскиот натпревар помеѓу Франција и Германија.