Седница на владите на БиХ и Србија: Унапредување на соработката во управувањето со цврстиот отпад во сливот на реката Дрина
На седницата е нагласена потребата за што поскоро заклучување на меморандумот за унапредување на соработката во земјоделството помеѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Србија
?????
04 Ноември 2015•Ажурирано: 04 Ноември 2015
Сараево
Советот на министри на Босна и Херцеговина и Владата на Република Србија, разгледувајќи ги активностите во областа на земјоделството и заштитата на животната средина, на предлог на Министерството за надворешна трговија и економски односи на БиХ, покренаа активности за унапредување на прекугранична соработка, со цел управување со цврстиот отпад во сливот на реката Дрина, за што ќе се разговара и со Владата на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова е заклучено на првата заедничка седница на владата на Босна и Херцеговина и Република Србија која се одржува во Сараево, а со која претседаваат претседателот на Советот на министри на БиХ и претседателот на Владата на Србија,
Денис Звиздиќ и Александар Вучиќ.
На предлог на Министерството за земјоделство и зашита на животната средина на Република Србија, на сдницата е договорена соработка во областа на размена и пренесување искуства во областа на митигација и ускладување на националното со законодавството на ЕУ во областа на климатските промени, соопшти Советот на министри на БиХ.
На седницата е нагласена потребата за што поскоро заклучување на меморандумот за унапредување на соработката во земјоделството помеѓу Советот на министри на БиХ и Владата на Република Србија.
Делегацијата на Владата на Србија предводена од премиерот Вучиќ синоќа допатува во Сараево, а денеска откако српската делегација свечано ја дочека претседателот на Советот на министри на БиХ Денис Звиздиќ, во зградата на институцијата започна заедничката седница на двете земји.
Седница на владите на БиХ и Србија: Унапредување на соработката во управувањето со цврстиот отпад во сливот на реката Дрина