Özcan Yıldırım
05 Мај 2025•Ажурирај: 06 Мај 2025
АНКАРА / ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот Реџеп Таип Ердоган имаше телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, известува Анадолу.
Во соопштението што Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство го објави на својот профил на социјалните мрежи се наведува дека во текот на средбата биле разгледани билатералните односи меѓу Туркије и САД, а станало збор и за регионални и глобални прашања.
За време на разговорот претседателот Ердоган рекол дека Туркије ќе продолжи да презема чекори за унапредување на соработката со САД во повеќе области, особено на полето на одбранбената индустрија.
Поддржувајќи го пристапот на американскиот претседател Трамп кон завршувањето на актуелните војни, Ердоган изразил благодарност за процесот на преговори со Иран и напорите направени за завршување на војната меѓу Русија и Украина.
- „Туркије е подготвена за соработка и поддршка“
Осврнувајќи се на фактот дека хуманитарната криза во Газа достигнала сериозни димензии, претседателот Ердоган во текот на разговорот нагласил дека потребно хуманитарната помош да се доставува без прекин во Газа и дека оваа трагична хуманитарна драма треба да се заврши. Ердоган истакнал дека Туркије е подготвена да соработува и да обезбеди секаков вид поддршка за воспоставување прекин на огнот и обезбедување траен мир.
Посочувајќи дека Туркије вложила напори за заштита на територијалниот интегритет на Сирија и обезбедување на нејзината стабилност, Ердоган истакнал дека напорите на САД во процесот за ублажување на санкциите врз Сирија ќе го дадат свој придонес и додал дека стабилна Сирија ќе го поддржи и регионалниот и светскиот мир.
Претседателот Ердоган во текот на разговорот го покани американскиот претседател Трамп да ја посети Туркије.
- Трамп: Имав многу добар и продуктивен телефонски разговор
Американскиот претседател Трамп во врска со телефонскиот разговор со претседателот Ердоган објави соопштение на својот профил на платформата Truth Social.
Во објавата Трамп го наведе следното:
„Имав многу добар и продуктивен телефонски разговор со турскиот претседател Ердоган за војната меѓу Русија и Украина, за Сирија, Газа и многу други прашања.“
Трамп во објавата истакна дека добил покана од претседателот Ердоган да ја посети Туркије и дека и Ердоган ќе го посетел во Вашингтон.
„Во текот на четирите години како претседател (2016-2020), мојот однос со претседателот Ердоган беше одличен“, рече Трамп, потсетувајќи дека работеле заедно по многу прашања.
Осврнувајќи се на војната меѓу Русија и Украина, Трамп го даде следниот коментар:
„Се нетрпение ја очекувам соработката со претседателот Ердоган за да се стави крај на апсурдната, но смртоносна војна меѓу Русија и Украина.“