Gökhan Çeliker
14 Ноември 2023•Ажурирај: 15 Ноември 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, оствари телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Австралија, Пени Вонг, пренесува Анадолу.
Информацијата ја потврдија дипломатски извори.
Министрите размениле мислења за последната состојба во Газа, каде што се зголемуваат тензиите и нападите врз палестинските цивили.
Фидан укажа на важноста итно да се постигне целосно примирје во Газа и хуманитарната помош да биде доставена без прекин.
Турскиот министер се осврна на ризикот од ширење на конфликтот во регионот, нагласувајќи дека нападите на целата Газа и бомбардирањето на училиштата и болниците се отворено прекршување на меѓународното право.
Шефот на турската дипломатија ја потсети Вонг на важноста на тоа меѓународната заедница директно да упати пораки до Израел за ставање крај на хуманитарната драма во Газа.