Mümin Altaş
09 Јуни 2016•Ажурирај: 10 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Потпретседателот на САД Џо Бајден во разговор со премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим упати порака на сочуство поради последните терористички напади во Истанбул и Мардин, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Кабинетот на турската влада за односи со медиумите соопштено е дека американсиот претседател вчера телефонски го повикал премиерот Јилдирим и упатил пораки на сочуство и поддршка по последните терористички напади во Турција.
Бајден во таа прилика на Јилдирим му честиташе и на неодамнешниот избор на чело на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) како и на функцијата премиер на Турција.
Шефот на турската влада Јилдирим во текот на разговорите ја нагласи важноста на продолжување на интензивната соработка на Турција и САД во борбата против тероризмот, со акцент на терористите на ПКК и ДАЕШ.
Јилдирим и Бајден исто така разговараа и за процесот на преговори за решавање на кипарското прашање.