Diyar Güldoğan
22 Јули 2023•Ажурирај: 24 Јули 2023
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот алжирски колега Абделмаџид Тебун денес се сретнаа на разговори во Истанбул, јавува Анадолу.
Ердоган во палатата Долмабахче го пречека Тебун, кој во петокот ја започна дводневната работна посета на Туркије.
Ердоган и Тебун ќе имаат разговори лице в лице, а потоа ќе има средби меѓу делегациите.
Турскиот претседател ќе приреди вечера во чест на гостите.
Ќе се разговара за сите аспекти на билатералните односи меѓу Туркије и Алжир, како и чекорите за проширување на соработката.
На дневен ред ќе бидат и актуелните регионални и меѓународни прашања.
Туркије и Алжир споделуваат заедничка историја, како и длабоки културни врски.
Билатералните односи добија замав во последните години и двете земји го потпишаа Договорот за пријателство и соработка во 2006 година.