Hajer M'tırı
06 Декември 2015•Ажурирај: 07 Декември 2015
ПАРИЗ (АА) - Изборните станици во Франција отворени се денес за првиот круг регионални избори на помалку од месец дена од терористичките напади во Париз, јавува Anadolu Agency (АА).
Изборите се гледаат како мерило на јавната поддршка за владиниот одговор на нападите кои убија 130 лица на 13-ти ноември, но исто така и како тест за крајно-десничарскиот Национален Фронт, кој се очекува да освои голем број на гласови.
Републиканската партија на поранешниот претседател Николас Саркози предвидува да го добие мнозинството гласови во 13 региони.
Ова е прво гласање откога земјата во август ги прецрта регионалните граници, намалувајќи го бројот на региони од 22.
Гласачките места се отворени од 8:00 по локално време а вкупниот број на гласачи изнесува 44 милиони. Вториот круг ќе се одржи на 13 декември.
Voters will elect more than 1,600 regional councillors from nearly 21,500 candidates in France and the overseas departments of Guadeloupe and Reunion to serve a five-year, three-month term.
Бирачите ќе избираат над 1.600 регионални советници од скоро 21.500 кандидати од Франција и надвор во прекуморските департмани Гвадалупе и Реунион кој ќе служат во петгодишниот мандат.
Избори ќе бидат одржани и на Корзика, Француска Гвајана и Мартиник.
Последните анализи укажуваат на голем пораст на поддршката на Националниот Фронт.
Лидерката на Националниот Фронт, Марин Ле Пен се очекува да го добие северниот а нејзината внука Марион Маречал Ле Пен да ги добие изборите во јужниот регион.
Според една истражувачка анкета, се очекува Републиканската партија и Народниот Фронт да освојат секој по околу 30 отсто од гласовите. Социјалистичката партија на Оланд се очекува да освои околу 22 отсто од гласовите а со тоа и да изгуби во неколку региони.
Регионалните избори обично имаат слаб одзив како резултат на ограничената моќ која ја има регионалната администрација и се очекува да гласаат само 2 милиони граѓани.
Националниот Фронт очекува добриот резултат на изборите да ги зајакне шансите на партијата за претседателските избори во 2017 година.