Övünç Kutlu
25 Мај 2018•Ажурирај: 26 Мај 2018
ЊУЈОРК (АА) - Американската компанија за козметика и производи за лична нега „Johnson&Johnson“ (Џонсон и Џонсон) е прогласена за виновна во случајот „бебешка пудра“, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во судскиот случај во Врховиот суд на американската сојузна држава Калифорнија, членовите на поротата одлучија дека тужителката Џоан Андерсон е во право, и донесоа одлука компанијата да ѝ плати надомест од 25,7 милиони долари.
Андерсон рече дека со години ја користела бебешката пудра на компанијата „Johnson&Johnson“ при куглање. Таа тврди дека супстанцијата наречена „asbestos“ која се наоѓа во производот ѝ предизвикала вид рак на белите дробови „pleural mesothelioma“.
Андерсон (68) вели дека истата пудра ја користела и за нејзините деца, додека експертите нагласија дека претпоставуваат оти Андерсон ја употребила пудрата повеќе од 10.000 пати во текот на овие години.
Во друг случај во април во Њу Џерси, членовите на поротата одлучија компанијата да исплати 117 милиони долари отштета на лице кај кое била откриена болеста „mesothelioma“ поради азбестот во производот на „Johnson&Johnson“. Но, одлуката беше обжалена до Апелациониот суд.
Постојат 4.800 поднесени тужби во САД поради истото тврдење против компанијата „Johnson&Johnson“, во кои тужителите тврдат дека овој производ им предизвикал рак на јајниците.