Övünç Kutlu
13 Јуни 2017•Ажурирај: 14 Јуни 2017
ЊУЈОРК (АА) - Меѓународниот синџир на ресторани од Соединетите Американски Држави (САД), „McDonald's“ (Мекдоналдс) издаде соопштение во коешто се вели дека компанијата планира да вработи 250.000 лица во земјата преку мобилната апликација „Snapchat“ (Снапчат), јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на „McDonald's“, околу 250.000 лица во земјата ќе бидат вработени оваа летна сезона преку апликацијата „Snapchat“, која широко се користи од страна на младите.
Корисниците на апликацијата ќе можат да добијат информации за компанијата и за условите за работа преку 10-секундните видеа на вработените од „McDonald's“ што тие ги објавуваат на „Snapchat“.
Исто така, во ова соопштение се информираат корисниците на апликацијата дека преку оваа апликација ќе можат да пополнат формулар за апликација за работа во рестораните на „McDonald's“ во близина на нивното место на живеење.
Според експертите, половина од вработените во „McDonald's“ се на возраст од 16-24 години, а оваа компанија, како што велат експертите, преку мобилната апликација „Snapchat“ се обидува да го привлече вниманието на лицата од пазарот на работната сила во САД.
Експертите информираат дека секоја година се намалува бројот на вработените во САД од возрасната група 16-24. Тие велат дека „McDonald's“ е фокусиран повеќе кон младата популација, со цел да ја задоволи побарувачката којашто се зголемува во летната сезона.
Според податоците на Министерството за труд на САД, ова лето се очекува да работат помалку од една третина од младите во САД.