Muhammed Ali Akman
07 Април 2017•Ажурирај: 08 Април 2017
БЕЈРУТ (АА) – Арапскиот свет не реагираше на нападот со хемиско оружје од страна на сирискиот режим во областа Хан Шејхун, во Идлиб, кадешто загинаа околу 100 цивили меѓу кои се наоѓаа десетици деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Еден од познатите проповедници во Арапскиот и исламскиот свет од Саудиска Арабија, Селман ел-Авде, даде изјава за АА, во која вели дека, арапскиот свет и меѓународната заедница останаа безгласни кон геноцидот во Идлиб.
„Овој и ваквите слични страотни геноциди, во минатите години се случија повеќепати во Сирија. На чело со Обединетите Нации (ОН), потоа Арапскиот свет и другите држави само гледаа. На некои пак им беше доволно само да ги осудат случувањата“, изјави Авде.
Тој смета дека, доколку не се спроведат поостри санкции кон сторителите, истите можат повторно да направат нови геноциди. Авде пренесе оти, арапскиот народ, на социјалните мрежи и на други места покажа реакции, но дека, политичарите и водечките имиња од заедницата молчат.
- „Оној кој молчи пред неправдата е ѓаволот“
„Да се остане безгласен кон геноцидот кој се случи во Идлиб, значи да се биде сочинител на овој геноцид“, вели Авде и продолжува:
„Оној кој молчи пред неправдата е ѓаволот. Арапските политичари, мислители, водечките имиња во заедницата, треба да се спротивстават гласно против геноцидот во Идлиб и да овозможат таквиот став да остане жив. Реакциите треба да продолжат долго, за да дознаат сите дека овие геноциди се поддржани од Иран и Русија.“
- Најгласната реакција кон нападот во Идлиб е од Турција
Либанскиот пратеник, Проф. Др. Имад ел-Хут пак, рече дека, арапскиот народ реагира на нападот во Идлиб, но оти, овие реакции не се искажуваат гласно, за да не станат навика овие напади, кои повеќепати се повторуваат.
Хут потенцира дека, различни етнички групи и групи со различни ставови често спречуваат заедничката реакција на народот да се слушне гласно, при што рече: „Водечките личности во арапскиот свет, треба да покажат реакција кон овој геноцид. Некои арапски држави, поради нивните раководства не покажуваат доволно реакции. На пример во Египет, режимот кој дојде на власт преку државен удар, се обидува својата рамнодушност кон геноцидите во Сирија да ја пренасочи на народот. Со овие напори, има за цел да го легитимира своето постоење и да го натера народот да го прифати тоа.“
Хут пренесе дека, најгласната реакција меѓу исламските држави ја даде Турција, при што додаде дека, многу е важно тоа што претседателот Реџеп Таип Ердоган му се јави на рускиот претседател Владимир Путин во врска со геноцидот во Идлиб.
- „Геноцидот во Хан Шејхун е дел од серијата геноциди кои режимот ги врши“
Новинарот Али ел- Емин пак изјави дека, надворешните интервенции се причина за зголемување на кризата во Сирија, а посебно нагласи оти, „политиката и праксата на Иран кон Сирија“ се причина за намалување на интересот на арапските држави кон Сирија.
Емин вели дека, безгласноста на арапскиот свет и меѓународната заедница е причина воените злостори во Сирија да бидат перцепирани како обични и додава: „Можеби, причина за овој невиден преседан во модерната историја на арапскиот свет, кадешто Асадовиот режим и неговите сојузници стојат зад уништување и грозоморни гноциди, е токму безгласноста на Арапскиот свет.“
„Геноцидот во Хан Шјхун е само дел од серијата геноциди кои режимот на Асад продолжува да го врши. Овде, тажно е тоа што Арапите не реагираат. Не е доволна осудата и изјавите кон овој злостор од страна на Арапскиот свет. Арапскиот свет има потреба од здружена сила, која ќе ги запре ваквите напади во Сирија и Арапскиот регион. Се додека не се обезбеди оваа сила и единство, ваквите геноциди не може да бидат сопрени“, заклучува Емин.