Emel Öz Gözellik
23 Мај 2018•Ажурирај: 23 Мај 2018
АНКАРА (АА) - Министерот за одбрана на Велика Британија, Гевин Вилијамсон, истакна дека со цел да се обезбеди мир во Авганистан, потребно е британската Влада да оствари официјални средби со Талибанците, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста во „The Telegraph“, Вилијамсон во неговото обраќање пред пратениците, рече дека обезбедувањето стабилност во Авганистан е важно за Велика Британија, и дека таа е посветена на одржување мировни избори во Авганистан, кои ќе се одржат кон крајот на годината.
„Со цел да се обезбеди мир во Авганистан, потребно е британската Влада да оствари официјални средби со Талибанците“, нагласи Вилијамсон, и додаде дека авганистанската Влада го поздравила предлогот за одржување безусловни мировни средби со Талибанците.