Yusuf Özcan
19 Февруари 2019•Ажурирај: 20 Февруари 2019
ПАРИЗ (АА) - „Жолтите елеци“ во Франција ги затворија влезовите и излезите на голем број рафинерии во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите во францускиот печат, „Жолтите елеци“ спречија влез и излез на рафинериите во градовите Донж, Мулхаус и Лонгвич.
Во исто време, активистите во градот Донж, блокирајќи го сообраќајот на некои крстосници, извикуваа слогани „Макрон, оставка!“ и запалија гуми.
Во блокирањето на рафинеријата во Донгес исто така учествуваа и некои вработени. Полицијата интервенираше со фрлање на димни бомби.
Една од најголемите синдикални организации во Франција, Генералната деловна конфедерација (CGT), повика на поддршка за протестите што се одржуваат во Донж.
Демонстрациите што започнаа во земјата на 17 ноември 2018 година, се претворија во најнасилни протести во последниве години.
На демонстрациите досега 11 лица ги загубија своите животи, а повеќе од 2.000 лица се повредени. Полицијата приведе 8.400 лица, а 1.796 лица се осудени на затворска казна.