Tarek Chouiref
18 Мај 2026•Ажурирај: 18 Мај 2026
Ирак нема да дозволи неговата територија да се користи како транзит или како појдовна точка за напади врз други земји, изјави вчера еден воен портпарол, пренесува Анадолу.
Говорејќи за Ирачката новинска агенција (ИНА), Сабах ал-Нуман, портпарол на врховниот командант на вооружените сили, рече дека политиката на Багдад се заснова врз избегнување регионални и меѓународни конфликти, со цел да се зачува домашната стабилност.
Тој истакна дека ограничувањето на оружјето под државна контрола останува клучен столб на безбедносната стратегија на Владата и неопходен чекор кон ставање крај на вооружените активности надвор од законската рамка.
Ал-Нуман, исто така, нагласи дека Ирак нема да дозволи други земји да се мешаат во неговите внатрешни работи, велејќи дека земјата се стреми да се заштити од безбедносните и политичките последици од регионалните кризи.
Премиерот Али ал-Заиди во четвртокот вети дека целото оружје ќе го стави под државна контрола како дел од пошироката реформска програма по добивањето доверба од Парламентот.