АНКАРА (АА) - МЕТИН МУТАНОГЛУ -
Кој е саудискиот новинар Џамал Кашоги, кој исчезна на 2 октомври, откако влезе во саудискиот Конзулат во Истанбул, а потоа беше откриено дека бил брутално убиен? Во врска со ова прашање следува одговорот зошто Кашоги е убиен.
Зошто беше цел овој новинар, кој ја напуштил својата земја и се обидувал да формира нов живот меѓу САД и Турција? Изгледа дека причината за убиството беа неговите ставови кои ги сподели со светската јавност, а ја вознемирија администрацијата на Саудиска Арабија.
Кои беа ставовите на Џамал Кашоги кои го вознемирија саудиското семејство, ставови кои го турнаа на брутален начин да биде убиен? Нашите прашања ги упативме на социологот и политичар Јасин Актај, кој е меѓу оние лица кои најмногу го познаваа Џамал Кашоги и неговите ставови.
- Зошто Кашоги беше убиен?
Според социологот, проф. д-р Јасин Актај, советник на претседателот на АК Партијата, а воедно и пријател на Кашоги, саудиската администрација го сметаше Кашоги за личност со капацитет да ја организира опозицијата. Иако му е припишана оваа улога, тој никогаш не ја презеде.
„Од што произлезе ова сомневање? Мислам дека ова сомневање произлезе малку од кукавичлук, од параноја, од параноја за власта“, истакна Актај.
Тој рече дека Кашоги потекнува од едно семејство со традиција, и дека бил еден од илјадниците граѓани на Саудиска Арабија со турско потекло.
„Во последните 15 години живееше во Вашингтон. Се подготвуваше за брак со турската државјанка Хатиџе Џенгиз со која на денот кога беше убиен, отиде во Конзулатот. Целта на посетата на саудискиот Конзултат беше да добие документ дека е разведен од поранешната сопруга, кој му беше потребен за стапување во брак“, рече Актај, и додаде дека Кашоги често го посетувал Истанбул, каде што учествувал на одредени состаноци на кои се дискутирало за начините за излегувањето од кризата во која, како што рече, се наоѓа исламскиот свет.
„Истанбул е значаен центар на исламскиот свет и воопшто, на светот. Во Истанбул веќе се реализираат бројни состаноци околу исламскиот свет. Во Турција речиси секој месец се одржуваше по еден ваков состанок на кој беше покануван и Кашоги. Тој беше меѓу неколкуте истакнати личности поканувани на овие состаноци“, нагласи Актај.
- „Турција ја сметаше за пример на која треба да се огледува арапскиот свет“
Актај нагласи дека Кашоги многу се надевал од духот на демократија и слобода по Арапската пролет.
„Тој напиша написи и одржа говори околу тоа дека ќе се влегува во еден нов период во Египет, Либија и Јемен. Според него, исламскиот свет може да ги реши своите проблеми само со демократија. Се возбудуваше од економските настани, како и од демократските пробиви во Турција. Истакнуваше дека со моменталната ситуација, Турција ја смета за пример на која треба да се огледува исламскиот свет“, рече Актај.
Проф. Актај на следниот начин ги пренесе мислењата на Кашоги:
„Истакнуваше дека напредокот кој го постигна Турција во насока на развојот и демократизацијата, претставува пример на кој треба да му се огледува арапскиот свет, и дека на крајот на краиштата, целиот арапски свет ќе се влијае од овој модел и ќе стигне до одредено место. Сигурно дека беше свесен оти еден модел не може во целост да се спроведе во некое место, и тоа го чувствуваше.“
Според професорот, надежта на Џамал Кашоги доживеа неуспех во бројни земји во кои интервенираше Саудиска Арабија, и имал спротивни ставови со неговата земја за време на процесот на Арапската пролет.
„Овие дисидентни ставови не го правеа него една личност која треба да биде замолчена. Тој беше несреќен од негативниот придонес на неговата земја во Арапската пролет. Се сметаше за дисидентен новинар, но во последната една и пол година тоа остана како израз залепен за него. Пред тоа имаше доста добри односи. Не беше во потрага по алтернатива. Немаше потрага по друга династија, друго семејство и крал, покрај саудиското семејство. Но тој имаше желба кралството во неговата земја да има подобро и подемократско управување кое ќе ги почитува човековите права како во Британија. Реформските политики на кралот Селман бин Абдулазис кој дојде по смртта на кралот Абдула, создадоа надеж кај него, и даде изјави во корист на тоа“, нагласи Актај.
Актај рече дека во еден напис во врска со убиството на Џамал Кашоги се осврнал на тоа зошто Кашоги почина на ваков начин, и каква грешка е направена тука.Тој нагласи дека Кашоги многу ѝ верувал на неговата земја.
„Тој многу веруваше дека луѓето на неговата земја нема да му направат вакво зло. Ѝ веруваше на Турција. Веруваше дека во Турција не може да се случи ваков случај. Знаеше дека во Турција, која е силна правна и држава со добар капацитет на закони и со добри полициски сили, нема да се случи негово киднапирање. Станува збор за конзулат. Тој веруваше во нешто во кое би верувал обичен човек. Ова верување е оштетено“, додаде тој.
Актај рече дека овој случај потсетува на можноста, кога еден човек оди во конзулат, да не му верува.
„Страшен случај. Што значи еден човек да не му верува на конзулатот?“, рече Актај, и додаде:
„Ако конзулатите се места во кои луѓето на лесен начин можат да извршат убиства и нив да ги покријат, тогаш тоа не им стекнува доверба на луѓето. Ако неговата вина е во тоа што бил дисидент, тој и во минатото беше таков. Беше дисидент кон неговата земја и за време на Арапската пролет, но никој не му рече: „Зошто си дисидент?“