Diyar Güldoğan
16 Февруари 2024•Ажурирај: 17 Февруари 2024
ВАШИНГТОН (АА) - Шефот на американското министерство за одбрана Лојд Остин вчера вети поддршка за Украина во нејзината војна против Русија, известува Анадолу.
„Се приближуваме кон втората година од руската сеопфатна инвазија на Украина. САД и нашите сојузници и партнери долго ќе стојат покрај Украина“, рече Остин на состанокот на министрите за одбрана на НАТО во Брисел.
Остин истакна дека сојузниците ја повториле трајната посветеност за „слободна и суверена Украина“.
„Речиси две години по (рускиот претседател Владимир) Путиновата неиспровоцирана инвазија на Украина, најсериозната закана за трансатлантската безбедност со децении, НАТО стана посилен и пообединет од кога било“, нагласи Остин.
Тој додаде дека САД ќе продолжат да ги зајакнуваат своите врски со „длабоко ценетите“ сојузници додека се приближува Самитот по повод 75-годишнината на НАТО во Вашингтон.
Американскиот Сенат во вторникот го одобри пакетот помош од 95,34 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван со 70 спрема 29 гласови, надминувајќи го прагот од 60 гласа што последните години беше потребен за одобрување.