Elena Teslova
04 Мај 2026•Ажурирај: 04 Мај 2026
Осум лица загинаа при одрон во рудник за јаглен во Магадан, во рускиот Далечен Исток, се наведува во официјалното соопштение објавено денес, пренесува Анадолу.
Спроведена е операција за пребарување и спасување, при што се извлечени телата на сите загинати, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
„Денес, на местото на одронот на карпите во градскиот округ Сусумански, беа пронајдени телата на уште четворица загинати работници во рудникот. Од урнатините спасувачите ги извадија телата на осум лица“, се вели во соопштението.
Завршена е активната фаза на спасувачката операција во рудникот и веќе нема луѓе под урнатините, истакнаа од Министерството.
Обвинителството на областа Магадан организираше надзор врз спасувачката операција.