Amir Latif Arain
04 Мај 2026•Ажурирај: 04 Мај 2026
Пакистан потврди дека денес ќе им предаде на властите во Техеран 22 члена на екипажот од иранскиот брод запленет од американските сили, опишувајќи го овој потег како „мерка за градење доверба“ во услови на тензии во Ормускиот Теснец, јавува Анадолу.
Исламабад „ги поздравува ваквите мерки за градење доверба и ќе продолжи да ги олеснува дијалогот и дипломатијата, притоа спроведувајќи ги тековните посреднички напори за мир и безбедност во регионот”, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Пакистан.
Министерството вели дека иранското пловило ќе биде префрлено во територијалните води на Пакистан, пред да им биде вратено на сопствениците по извршувањето на „неопходните поправки”.
Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) вчера изјави дека американските сили го завршиле префрлањето на 22 члена на екипажот на „М/В Тоуска” во Пакистан за репатријација во Иран.
Американските поморски сили го запленија бродот на 19 април во Оманскиот Залив откако наводно не се придржувал до блокадата наметната од Вашингтон за иранските пристаништа.
Исто така, минатата недела шест патници се пренесени во друга земја од регионот поради репатријација, вели портпаролот на ЦЕНТКОМ, капетан Тим Хокинс.
„Овие враќања се координираат со поддршка и од иранска и од американска страна“, додаваат од Министерството.