Ekipa
09 Ноември 2017•Ажурирај: 09 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Сириската мрежа за човекови права (SNHR) објави извештај во којшто се вели дека режимот на Асад во периодот јануари – октомври фрлил најмалку 5.318 барелни бомби, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според овој извештај, силите на режимот во првите 10 месеци од годива фрлиле најмалку 5.318 барелни бомби.
Во извештајот се наведува дека режимот во јануари фрлил најмалку 634, во февруари 502, март 495, април 938, мај 412, јуни 1.271, јули 224, август 92 и во септември 216 барелни бомби.
Сириската мрежа за човекови права во својот извештај наведува дека минатиот месец, од хеликоптери биле фрлени најмалку 534 барелни бомби, при што загинале 6 цивили, од кои 3 се деца.
Исто така, се истакнува дека режимот ситематски и во голема мера ги користи барелните бомби во своите напади, со што врши злосторство против човештвото.
Во извештајот на СНХР се бара да се воспостави ембарго над оружјето на режимот на Асад и се упатува повик да им се суди на лицата и институциите што помагаат со пари и поддршка.
- Цена 50 долари, а има голем ефект -
Поради ниската цена на чинење, а големата разорна моќ, режимот претпочита да користи барелни бомби. Режимот има за цел да предизвика колку што е можно поголема смртност, користејќи ги овие бомби воглавно врз цивилни цели. Во зависност од експлозивното полнење, овој вид бомби се ефикасни во радиус од 50 до 200 метри.
Според воената терминилогија, овој вид бомби се фрлаат на целта со т.н. „принцип на слободен пад“, а поради големите штети што ги предизвикува, го принудува населението на миграции.