Berk Kutay Gökmen
22 Април 2026•Ажурирај: 22 Април 2026
Американската војска значително ги исцрпи своите резерви на клучни ракети за време на војната со Иран, поради што може да се соочи со нивен недостиг при евентуален иден конфликт, објави Си-ен-ен, пренесува Анадолу.
За време на седумнеделната војна американската војска искористила приближно 45 отсто од своите Високопрецизни ударни ракети (PrSM), најмалку половина од ТХААД пресретнувачките ракети и речиси 50 отсто од ракетите за противвоздушна одбрана „Патриот“, покажува новата анализа на Центарот за стратегиски и меѓународни студии (ЦСИС).
Овие бројки во голема мера се совпаѓаат со класифицираните процени на Пентагон, се наведува во веста.
Според Си-ен-ен , американската војска употребила околу 30 отсто од ракетите „Томахавк“, над 20 отсто од ракетите воздух-земја со долг дострел и околу 20 отсто од ракетите СМ-3 и СМ-6.
Иако претходно оваа година Пентагон потпишал договори за зголемување на производството на ракети, надополнувањето на овие системи, сепак, ќе трае од три до пет години, дури и со зголемен капацитет на работа.
Краткорочно, САД веројатно имаат доволно муниција за да ги продолжат операциите против Иран доколку пропадне кревкиот прекин на огнот, се наведува во веста.
Сепак, сега резервите на клучно вооружување е недоволно за конфликт со противник од ранг на Кина, а нивното враќање на предвоените нивоа би можело да трае со години, се забележува во веста.
„Високите трошоци за муниција создадоа прозорец на зголемена ранливост во западниот Пацифик”, изјави за Си-ен-ен Марк Кансијан, пензиониран полковник на американските маринци и еден од авторите на новото истражување на ЦСИС.
„Ќе бидат потребни од една до четири години за да се дополнат овие резерви и неколку години потоа за да се зголемат до нивото на кое треба да бидат”, истакна тој.
Во изјавата за Си-ен-ен главниот портпарол на Пентагон, Шон Парнел, рече дека војската „го има сето она што е потреба за да дејствува во време и на место по избор на претседателот”.
„Откако претседателот Доналд Трамп стапи на должност, ние извршивме повеќе успешни операции во рамките на воените оперативни команди, истовремено обезбедувајќи американската војска да располага со широк арсенал на способности за заштита на нашиот народ и нашите интереси“, изјави тој.