Saadet Gökce
07 Април 2026•Ажурирај: 07 Април 2026
Малезискиот премиер Анвар Ибрахим денес изјави дека соработката на југоисточната азиска земја со Турција не само што е „силна” туку креира и пошироки можности во областа на различни индустрии, како и во областа на економијата, трговијата и развојот, јавува Анадолу.
Анвар ги даде овие изјави во обраќањето на настанот „Дијалог Куала Лумпур–Анкара 2026”, организиран од тинк-тенк организациите Фондација „СЕТА“ и „ИСИС Малезија“, во малезиската престолнина.
„Мојот пријател Ердоган вели: 'Патуваш до и од Турција, во добри и во лоши ситуации, но сепак не знаеш ниеден збор освен 'teşekkür' (или благодарам на турски јазик)“, вели Анвар, потсетувајќи се на разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Нашето партнерство не настана случајно”, изјави Анвар во поглед на односите со Анкара. „Тоа е изградено врз постојан труд и посветеност, со цел продлабочување на соработката.”
„Тоа е длабоко уверување што израсна врз темелите на заемна доверба, почит и заеднички вредности”, изјави тој, повикувајќи дипломатијата да се прошири надвор од владите и да биде предводена од „нашите институции, нашите индустрии и нашите народи, со цел придобивките од неа да бидат широко достапни”.
Понатаму тој додаде: „Овој пристап гарантира дека односите меѓу Малезија и Турција не само што се силни туку креираат и пошироки можности во областа на различни индустрии, како и во економијата, трговијата и развојот, за народите на двете земји.”
Трговската размена меѓу Малезија и Турција во периодот од јануари до ноември 2025 година достигна околу 5 милијарди долари.