Seyit Ahmet Aytaç
04 Октомври 2018•Ажурирај: 05 Октомври 2018
БРИСЕЛ (АА) - Министерот за одбрана на Република Турција, Хулуси Акар, порача дека Турција никогаш нема да дозволи формирање на терористички коридор на нејзините граници, јавува Anadolu Agency (AA).
Акар престојува во официјална посета на Брисел поради учество на заседанието на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, а во обраќањето за новинарите изјави дека за време на состанокот на сојузниците им нагласил дека Турција е истрајна во ставот дека мора да се стави крај на присуството на терористите на ПЈД/ЈПГ/ПКК во сирискиот град Мунбич.
Тој најостро го осуди утринскиот терористички напад во кој терористите на ПКК во Батман, југоисточна Турција, убија седум и ранија тројца турски војници.
„Борбата против тероризмот ќе ја водиме сѐ додека не го неутрализираме и последниот терорист. Сите терористи ќе мораат да ја платат цената на крвопролевањето кое го предизвикаа“, порача Акар.
Во своето обраќање Акар порача дека турските безбедносни сили се одлучни во борбата против тероризмот во и надвор од границите на земјата.
ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, ЕУ и САД. Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.