Davit Kachkachishvili
11 Февруари 2018•Ажурирај: 12 Февруари 2018
ТБИЛИСИ (AA) - Поранешниот грузиски претседател Михаил Саакашвили, изјави дека ќе се бори додека Грузија и Украина не ги повратат своите територии и додека рускиот претседател Владимир Путин не биде поразен, пренесува Anadolu Agency (AA)
Поранешниот грузиски претседател Саакашвили, основачот на опозициското Обединето национално движење во Грузија, даде изјава за телевизијата Рустави 2.
Саакашвили, кој не може да се врати во својата земја поради тоа што му се заканува казна затвор, тврди дека обвинувањата против него во Украина и Грузија се неосновани и дека сето ова е направено за да се спречи политичкиот живот.
„Нема да се откажам од мојата борба без да го победам Путин, без да ги повратам Грузија, Абхазија и други територии“, рече Саакашвили, потсетувајќи дека Русија ја окупирала територии на Украина и Грузија и дека тој ќе се обиде да ги реши проблемите со територијалниот интегритет на овие две земји.
Саакашвили, кој доби украинско државјанство во 2015 година, беше назначен за гувернер на Одеса. Тој поднесе оставка од функцијата во 2016 година и го формираше Движењето на новите сили. На Саакашвили му беше одземено украинското државјанство во 2017 година.