Sayed Khodaberdi Sadat
31 Декември 2017•Ажурирај: 01 Јануари 2018
КАБУЛ (АА) - Петнаесет лица го загубија својот живот во самоубиствениот напад извршен за време на погребна церемонија во покраината Нангархар, во источниот дел на Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на канцеларијата на гувернерот на Нангархар, Атаула Хогјани, за АА истакна дека самоубиствениот напаѓач ја активирал експлозивната направа за време на погребна церемонија во подрачјето Бехсуд.
Хогјани информираше дека во експлозијата загинале 15 цивили, додека 13 се повредени.
Според соопштеното, неколкумина од повредените се наоѓаат во тешка состојба.
Сѐ уште никој не презеде одговорност за нападот.