Ekipa
04 Февруари 2018•Ажурирај: 05 Февруари 2018
КАБУЛ (АА) - Најмалку 100 милитанти се убиени во последните 24 часа во антитерористички операции кои силите ги спроведуваат низ цел Авганистан, јавува Anadolu Agency (AA).
По неодамнешниот смртоносен бомбашки терористички напад во Кабул, претседателот на Аvганистан, Ашраф Гани, во вторникот изјави дека тоа бил авганистанскиот 11 септември.
Гани нареди спроведување на опсежни операции за неутрализирање на терористичките и милитантските структури во таа земја.
Министерството за одбрана на Авганистан денеска соопшти дека војската во последните 24 часа изврши воздушни и копнени напади врз терористичките упоришта во јужниот, источниот и северниот дел на земјата.