Bahattin Gönültaş
10 Јануари 2020•Ажурирај: 10 Јануари 2020
БЕРЛИН
Германската авиокомпанија „Луфтханза“, авионот кој бил на директниот лет LH600 кон Техеран, го врати во Франкфурт, а откажан е и летот на таа релација планиран за денеска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на компанијата се наведува дека одлуката е донесена по сменетата безбедносна ситуација во близина на аеродромот во Техеран.
Кажано е и дека компанијата е во контакт со надлежните власти и дека по добиените детални информации ќе се одлучи дали летовите ќе бидат реализирани во наредните денови.
Авионот „боинг 737“ на украинската авиокомпанија „Украина ерлајнс“, кој требаше да лета кон Киев, падна на 8 јануари кусо по полетувањето од аеродромот „Имам Хомеини“ во Техеран. Ниту еден од 176-те патници и членови на посадата не преживеа.
Иранските официјални претставници претходно соопштија дека се верува оти авионот паднал од технички причини, а и украинските официјални претставници го сметаа тоа во првата фаза. Меѓутоа, подоцна се пронајдени црните кутии и е изјавено дека сѐ уште не е позната причината за падот на леталото.
Еден од американските официјални претставници изјави дека сметаат оти можноста за падот на авионот да е поради еден од проектилите кои ги истрелал Иран.
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон и премиерот на Канада, Џастин Трудо, изјавија дека поседуваат информации и докази дека украинскиот авион е погоден со ирански проектил.