Dejan Maksimoviç
04 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Авионот на Доналд Трамп, кој го користи во кампањата за претседателски кандидат на Републиканската партија, беше принуден да слета во Нешвил, поради проблем со моторот, јавува Anadolu Agency (AA).
Трамп патувал на митингот во Литл Рок во Арканзас, кога Боинг 757 мораше непланирано да слета на меѓународниот аеродром во Нешвил. Неговата портпаролка изјави за американските медиуми дека патувањето на Трамп продолжува со изнајмен авион.
Трамп требаше да се обрати во "Бартон Колосеум" во Литл Рок, пред повеќе од 11.500 поддржувачи. Тој пристигна еден час и половина подоцна, објаснувајќи и на публиката што се случило. Тој истакна дека без разлика на сите околности, воопшто не е ја разгледувал можноста за откажување на посетата на Литл Рок.
Федералната управа за авијација (FАА) го истражува целиот настан.