Muhammet Nusret Altun
12 Јуни 2019•Ажурирај: 14 Јуни 2019
ЧАНДИГАРХ (AA) - Индискиот премиер, Нарендра Моди, кој ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка во киргистанскиот главен град, Бишкек, за време на неговото патување нема да го користи воздушниот простор на Пакистан, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за надворешни работи на Индија, Владата работи на две рути, а донесена е одлука авионот на Моди во Бишкек да слета користејќи ги воздушните простори на Оман, Иран и земјите од Средна Азија.
Функционер од Министерството за надворешни работи на Пакистан, во изјавата за АА во врска со ова прашање нагласи дека е одобрена дозвола авионот на Моди да го користи воздушниот простор на Пакистан при неговото патување во Бишкек.