Dilara Karataş
02 Јануари 2023•Ажурирај: 03 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Четири лица го загубија животот, додека 9 лица се повредени при судир на два хеликоптера во воздух во австралиската сојузна држава Квинсленд, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на австралиските медиуми, Гери Ворел, претставник на полицијата на Квинсленд, соопшти дека два хеликоптера се судриле во воздух во градот Голд Коуст.
Тој истакна дека несреќата се случила во 13:59 часот по локално време.
Ворел информира дека во несреќата загинале 4 лица, додека повредени се 9 лица, од кои тројца се во тешка состојба.
Властите соопштија дека несреќата се случила во близина на тематскиот парк „Сиворлд“.
Се нагласува дека загинатите и тешко повредените лица се наоѓале во ист хеликоптер.
На местото на настанот се упатени медицински и противпожарни тимови.
Еден од хеликоптерите со логото на „Сиворлд“, кој бил вклучен во несреќата, успешно слетал.
Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Австралија започна истрага за несреќата.