Ruslan Rehimov
26 Август 2022•Ажурирај: 27 Август 2022
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, истакна дека градот Лачин и селата Забух и Сус поминале под контрола на Азербејџан, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Алиев на својот профил на Твитер напиша: „Денеска, на 26 август, ние, Азербејџанците, се вративме во градот Лачин. Азербејџанската армија се распореди во градот Лачин. Селата Забух и Сус се преземени под контрола. Во оваа пригода, им честитам на сите граѓани на Лачин и на Азербејџан. Да живее Лачин! Да живее Азербејџан!“
По Втората војна во Карабах, во согласност со трилатералната декларација потпишана меѓу Азербејџан, Ерменија и Русија на 10 ноември 2020 година, руските трупи и Ерменците се повлекоа од Коридорот „Лачин“, кој беше привремено под контрола на руски елементи. Со тоа овој регион премина под контрола на управата на Баку.
Според декларацијата од 10 ноември 2020 година, Азербејџан требаше да изгради нов пат кој минува надвор од градот Лачин, кој ерменското население во Карабах ќе го користи на пат кон и од Ерменија во рок од три години.
Азербејџан овој пат долг 32 километри го заврши порано од планираното. Ерменците кои живеат во регионот Карабах во Азербејџан ќе го користат новиот пат за да патуваат до и од Ерменија. Безбедноста на новиот пат ќе ја гарантираат руските елементи.
Лачин и неговите села беа окупирани од Ерменската армија во 1992 година, а во следните години Ерменците донесени од Сирија и Либан беа населени тука.
Во текот на целиот процес, Азербејџан наведуваше дека тоа го гледа како воено злосторство и кршење на Женевските конвенции.