Ruslan Rehimov
19 Октомври 2020•Ажурирај: 20 Октомври 2020
БАКУ (АА) - Претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, соопшти дека азербејџанската Армија ослободила уште 13 села на округот Џебраил од окупацијата на Ерменија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата објавена на неговиот профил на Твитер, Алијев наведе дека ерменската Армија започнала силен артилериски оган врз азербејџанските цивилни населби и позиции, со што го прекршила привремениот хуманитарен прекин на огнот, што стапи на сила на 18 октомври.
Истакнувајќи дека во нападот имало загинати и повредени, Алијев рече дека азербејџанската Армија возвратила на нападот и дека неколку населени места ги ослободила од окупацијата.
Алијев во објавата, исто така, напиша: „Селата Солтанли, Емирварли, Хасанли, Аликејханли, Кумлак, Хаџили, Гојерчинвесели, Нијазѓулар, Кечел Мемедли, Шахвели, Хаџи Исмаијили и Исакли од азербејџанскиот округ Џебраил се ослободени од окупацијата. Карабах е на Азербејџан.“