Sarp Özer
17 Ноември 2020•Ажурирај: 18 Ноември 2020
АНКАРА
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар, истакна дека турските и руски воени делегации во Анкара ги реализирале техничките средби за активностите кои ќе се спроведат по примирјето во Карабах, јавува Агенција Анадолија (АА).
Акар, на еден состанок со воените и други претставници одржан преку видео-конференција истакна дека Турските вооружени сили (ТСК) поминуваат низ интензивен период, упатувајќи честитки до целиот персонал кој успешно ја врши својата задача.
Тој изрази надеж дека и понатаму успешни ќе ги реализираат работите со сериозност и искреност, во дијалог и координација.
Турскиот министер потсети дека по договорот потпишан во врска со Нагорно Карабах, потпишан е и меморандум за разбирање помеѓу министерствата за одбрана на Турција и Русија.
„Ова се рамките на кои треба да работиме за да ги исполниме. Во врска со ова, широка техничка делегација дојде од Русија. Реализирани се средбите, и продолжуваат нашите взаемни работи“, додаде Акар.
Тој исто така реагираше против тоа што Ерменија кога се повлекла од окупираните територии, ги запалила куќите и шумите.
Меѓу другото, Акар упати честитки по повод 37-годишнина од ослободувањето на Турската Република Северен Кипар, нагласувајќи дека треба да направат се со цел Турската Република Северен Кипар да биде во безбедност и спокојство.
„Нашиот став во врска со ова прашање е јасен: Кипар е национално прашање на Турција. Исто и во новиот период тоа ќе продолжи да биде така“, рече тој, додавајќи дека Турција ќе продолжи да ги исполнува сите обврски кои произлегуваат од фактот што е земја гарант.