Diyar Güldoğan
28 Август 2026•Ажурирано: 28 Август 2026
Американската конгресменка Рашида Тлаиб побара итно ембарго на оружје за Израел, обвинувајќи ја израелската влада за спроведување етничко чистење врз Палестинците и критикувајќи го Вашингтон што продолжува да обезбедува воена поддршка, пренесува Анадолу.
„Геноцидот никогаш не заврши“, истакна Тлаиб на американската социјална мрежа X.
Нејзината изјава уследи откако четворица Палестинци беа убиени, а повеќемина беа повредени во израелските напади во градот Газа и Кан Јунис, и покрај прекинот на огнот кој стапи во сила минатиот октомври.
„Израелската влада на апартхејд спроведува етничко чистење на палестинскиот народ, користејќи бомби на кои пишува ‘Произведено во САД’. Тоа е бескрупулозно“, изјави таа.
„Нашата влада мора да престане да го финансира геноцидот. Ембарго на оружје веднаш!“, додаде Тлаиб.
САД долго време се критикувани за поддршката што му ја обезбедуваат на Израел во војната во Појасот Газа, каде што од 7 октомври 2023 година се убиени повеќе од 73.000 Палестинци, главно жени и деца. Во октомври 2025 година беше постигнат прекин на огнот, но прекршувањата се чести.
Неколку американски законодавци побараа американската влада да престане да му испорачува оружје на Израел и ја обвинија дека е соучесник во војната на Израел во Газа.