Muhammet Nusret Altun
19 Јуни 2019•Ажурирај: 21 Јуни 2019
АНКАРА (АА) - Американскиот бизнисмен Стивен Шварцман донираше 150 милиони фунти (187 милиони долари) на една од водечките светски високообразовни установи, британскиот Универзитет „Оксфорд“, а овие средства се наменети за проучување на етиката на вештачката интелигенција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Британскиот „Би-би-си“ (BBC) јавува дека генералниот директор на компанијата „Blackstone“ донирал 150 милиони фунти на „Оксфорд“, за да се основа на овој универзитет институт за проучување на етиката на вештачката интелигенција.
Неговата донација беше забележана како најголема поединечна донација на британскиот универзитет.
Тој изјави дека парите ги донирал поради фактот што вештачката интелигенција е една од најважните прашања на овој век, а смета дека повеќето држави сè уште не се подготвени за ерата на вештачка интелигенција.
„Поради тоа владите мора да се потпираат на големите универзитети, како што се Оксфорд и останатите во светот“, изјави Шварцман, и нагласи дека секој универзитет треба да воспостави структура во врска со етиката на вештачката интелигенција.
Британската Влада оваа донација ја окарактеризираше како „многу значајна инвестиција“ на глобален план.
Институтот што ќе се формира ќе спроведе студии за етиката на вештачката интелигенција во многу области, од лингвистиката до филозофијата.
Шварцман претходно донираше средства за Технолошкиот институт во Масачусетс, во износ од 350 милиони долари.