Ahmet Furkan Mercan
28 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
ТОКИО (АА) - Воен хеликоптер на американската војска изврши итно слетување на поле со ориз во јапонската југозападна префектура Мијазаки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Хеликоптерот на војската на САД во 8:00 часот по локално време полетал од воздухопловната база „Нјутабару“ на Јапонските воздушни сили за самоодбрана.
Хеликоптерот во 9:30 часот по локално време изврши принудно слетување на оризово поле на 500 метри од населеното место Кушима во Мијазаки.
Се истакнува дека во случајот нема повредени.
Според соопштеното, хеликоптерот од типот AХ-1, кој е регистриран во инвентарот на воздухопловната база „Футенма“ на островот Окинава, не се здоби со голема штета при слетувањето.
На местото на настанот е испратена екипа со цел пренесување на хеликоптерот од зоната во која се наоѓа до базата „Футенма“.
Започната е истрага за случајот.